ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Буџетот ќе се полни и од новите инвестиции и со договорите за јавно приватно партнерство

November 12, 2020 11:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев како експликација на делот на Буџетот за 2021 година кој се однесува на поголема разновидност и на дополнителни извори на приходи во државната каса ги наведе иницијативите за јавно приватно партнерство за хидроцентралата Чебрен, инвестициите во ветерници за производство на струја со јачина од по 30 мегавати во Богданци, во Гевгелија и Свети Николе како и во реализација на соларните електрани во Осломеј со вкупен капацитет од 100 мегавати.

Премиерот Заев истакна дека една од извесните инвестиции во форматот јавно-приватно партнерство е предвидена и за ТЕЦ Неготино за нејзина трансформација во електро-централа на хидроген.

Во делот на енергетиката премиерот Заев го најави и инвестицискиот проект на Владата на Северна Македонија за влегување со акционерски удели во гасната станица за производство на електрична енергија и во терминалот на течен природен гас во Александропулос – Грција, за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори.

Премиерот Заев нагласи дека во насока на дополнување на изворите за Буџетот се очекуваат инвестиции во ски центарот Попова Шапка, со дополнителна одлука за дали тоа ќе оди на продажба или со концесија, како и на туристичките објекти во Струга во сопственост на Електрани на Северна Македонија.

Како дополнителни можности премиерот Заев ги наведе потенцијалите од приватизација на дел од акционерските друштва во доминантна или делумна државна сопственост и  истакна дека во функција на развојот е предвидено до крајот на 2021 година да отпочне и да заврши постапката за продажба на Македонска пошта, исто како и на Македонски железници и Евро-композит, фабриката за шински возила „Колска“, Тутунски комбинат Прилеп, како и некои други компании во кои државата е сопственик или мнозински сопственик.

„Немаме намера да го продаваме акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Северна Македонија. Тоа е компанија со големи и потенцијални ресурси која остварува профит од кој што еден дел се инвестира во заштитата на животната средина како што е проектот со инверторите, во филтрите во РЕК Битола, во нова опрема и механизација за сопствените потреби за работа на енергетските ресурси на компанијата“, нагласи премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека се очекува реализација на веќе најавените иницијативи како што е легализацијата на автомобилите со странски таблички од кои се очекува приход од околу 20-тина милиони евра, продажбата на земјоделското земјиште во сопственост на државата со гаранции дека земјиштето останува за земјоделско производство, ставањето во функција на финансискиот пазар на готовинските пари кај граѓаните кои ќе добијат можност да вложат и во државни обврзници, како и дополнителни финансиски придобивки за државата и за инвеститорите од декриминализацијата на канабисот.

Како уште една придобивка од сите овие иницијативи за поголема диверзификација на изворите на финансирање на државата се очекува и намалување на даночната евазија која се движи над 30%, како резултат на борбата против сивата економија со што се комплетираат мерките кои треба да го овозможат рестартирањето на македонската економија во пост-ковид периодот и за раст како дел од стратешки планови и позиционирање за да покажеме дека тоа што го направивме на политички план можеме да го поткрепиме и со растечка економија.

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 38 пациенти со симптоми на вирусот

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk