Вечерва имав чест лично да ги запознаам дел од луѓето, коишто овие девет месеци имаат значаен придонес во спречувањето на ширењето на вирусот КОВИД 19 – инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.
Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на коронавирусот. Овие луѓе, кои деноноќно се на терен и работат со полн капацитет, се една од клучните алки во спречувањето на ширење на вирусот.
Да покажеме колективна одговорност, да ги почитуваме мерките и протоколите, со тоа ќе им помогнеме и на инспекторите, на здравствените работници и на сите кои овие девет месец водат битка со коронавирусот.
Оваа поддршка е потребна повеќе од било кога. Само заеднички, со колективна одговорност, ќе успееме да го спречиме ширењето на коронавирусот и да ја пребродиме оваа здравствена криза.





