ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кандидатурата за претседавање со ОБСЕ ќе биде на дневен ред на декемврискиот состанок на Организацијата

November 14, 2020 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Министерството за надворешни работи, а со одлука на Владата, Република Северна Македонија поднесе кандидатура за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција соопшти дека денеска со писмо го известил премиреот на Албанија Еди Рама, сегашен претседавач на ОБСЕ, со што и формално нашата кандидатура ќе биде ставена на дневен ред на декемврискот состанок на Организацијата.

Тој истакна дека земјава во последните неколу години постигна голем напредок во насока на целосно почитување на заедничките вредности врз кои почива ОБСЕ, како што се човековите права, демократијата, владеењето на правото и развојот на моделот на меѓуетничките односи што, како што рече, се констатирани и во сите релевантни меѓународни извештаи.

Пред еден месец одбележавме 25 години од нашето членство во ОБСЕ и иако веќе две и пол децении сме полноправна членка, рече Османи, досега не сме покажале амбиција, најмногу поради фокусот врз сопствените приоритети на патот кон НАТО и Европската Унија.

„Со оглед дека веќе се донесени одлуките за следните претседавачи Шведска и Полска, нашиот таргет падна на кандидатура  да станеме дел од триото за претседавање на Организацијата како најбрза краткорочна опција. Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а  индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ“ истакна министерот за надворешни работи.

Како земја претседавач, нагласи Османи, нашата земја би придонела за натамошно промовирање и унапредување на  вредностите и принципите на Организацијата, креирајќи притоа простор за реализација на сопствените меѓународни политички приоритети, но и можност зе етаблирање на Република Северна Македонија како активен чинител во сферата на регионалната безбедност и.соработка.

„Тоа значи и можност за зголемување на поддршката на јавното мислење во ЕУ во процесот на пристапување во рамки на претстојниот процес на преговори за полноправно членство, но и за изградба на репутација и на политички бренд на државата како стабилен меѓународен фактор и силен поддржувач на мултилатерализмот, што е еден од приоритетите на надворешната политика во овој мандат“ додаде шефот на дипломатијата

Next Post

Со финансиска помош од САД ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на Клиниката за хематологија

НАЈНОВО

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk