Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот.
На Конференцијата, која за нов претседател на СДММ, едногласно беше избран Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.
На Конференцијата, покрај изборот на претседател беа избрани и членови на Надзорниот и Централниот одбор на СДММ.