„Ова е непредвидливо време, и за нас и за целиот свет. Влезните инпути во буџетот се искористени максимално, секако со посебно внимание на здравствениот и економскиот аспект. Треба секоја криза да ја користиме како рестарт на македонската економија. Кризата е добра за планирање на хартија и за кроење стратегии. Има доволно пари за здравството, државата постои за граѓаните, да не се грижат за тоа. Ако не повеќе, барем првиот квартал од следната година ќе имаме здравствена криза, но ние сме тука. И стопанството да знае дека државата е тука, ќе даваме пари, да ги заштитиме работниците, да го заштитиме бизнисот. Буџетот мора да е солидарен, 90 милијарди денари се предвидени за социјалните трансфери оти сиромашните се најпогодени. Нашата порака е државата е тука да ви се најде и тоа ќе го оствариме“ – изјави премиерот Зоран Заев, во „Отворено студио“ на МТВ.
„Глобално за секој буџет треба да се каже дека тоа е план. Ако како што во неколку наврати Министерот за финансии рече, ова е навистина најнепредвидливото време и за нас и за целиот свет. Она што можеме да го имаме како влез на импути го употребивме до максимум , скроен е буџет за да одговори на предизвиците, секако здравствениот и економскиот аспект од Ковид кризата, но истовремено да се обидеме секоја криза да ја користиме како можност за да биде истовремено и реастарт на македонската економија“ појасни Заев