„Очекуваме да се зголемат перфомансите на капацитетите кои се државни, а кои сега се замрени, со приватизирање или со јавно- приватно партнерство. Како Попова Шапка, кампот Ливадиште, ТЕЦ Неготино, Железници, Пошта. Има заинтересирани компании, од Германија, Швајцарија, Италија… Со Косово можеме да играме, од другата страна на Шар Планина и тие да направат скијачки центар и тоа да биде заеднички проект. Веќе имаме позитивни реакции од Приштина. Од сите овие капацитети можеме да имаме големи приходи. Приходи очекуваме и од продажбата на земјоделското земјиште. Земјоделското земјиште во државна сопственост вреди повеќе од две милијарди евра, очекуваме од таму 200 – 300 милиони“- зборуваше премиерот Зоран Заев на МТВ, кога објаснуваше од каде се очекуваат нови приходи во буџетот во следните години.
Заев надополни дека државната каса ќе може да се полни и од други приходи, на кои малку се обрнувало внимание, а при тоа имаат голем потенцијал.
„Граѓаните бараат од нас да легализираат странски автомобили и тие стануваат дел од редовните приходи, потоа декриминализација и легализација на марихуаната за да ги интензивираме услужните дејности, ние преставуваме крстоница за развој на енергетиката, има многу интереси околу оваа тема, и германски, и американски. Земјоделието како ресурс, тука гледаме голем потенцијал. Овој буџет има свежина затоа што доаѓа од нова влада и е скроен во соработка со сите економски чинители. Но, мора да се знае дека коморите, синдикатите, бизнис секторот и сите засегнати и во иднина треба да се вклучат и да и помогнат на својата земја. Ние сме само Влада и ние имаме потреба од помош“- повика Заев на заедничко делување за да може државата полесно да ја надмине кризата