„Имајте предвид дека растот од 4,1% е на основа на 2020 година која што во првото полугодие имаше 6,3% пад, и сега првото полугодие од тој минус 6,3% ние проектираме раст, или за оваа година каде што е проектиран -4,4% треба да постигнеме 4,1% треба да бидеме среќни и задоволни од тоа заради тоа што тоа е 0 од двете години, треба да биде и повеќе ако секако короната тоа го дозволи да се одмине кризата и ако овие мерки коишто сега се преземаат, сите 4 пакети, дополнителните политики економски коишто се димензионираат даваат резултат, а веќе даваат, голем дел места се сочувани, економијата се одржува, некаде имаме раст како што реков меѓу другото заради сплот на сите тие околности, јас верувам дека ако бидеме доволно флексибилни, ако учиме, ако ги следиме будно сите податоци се што се случува, вклучително и нашата зависност на економијата доминантно од германската, или европската сето тоа оди кон пооптимистично или да се потврди ова реалистичко сценарио“ кажа Заев.
„Генерално тоа е планот како што рековме и е добро избалансиран со оглед на состојбата, очекувања, информациите меѓународни кога вакцината, кога очекуваме и на основа на тоа, рече министерот дека има резерви, веќе обезбедени во буџетот, заради тоа што не е логично уште во првиот квартал да се прави ребаланс на буџет, треба да се знае дека дел од мерките коишто се најавени, пример декемвриската плата се исплаќаат во јануари за која што има предвидено средства и дополнително, во самите ресори во самите министерства има мерки за КОВИД, не се само овие 50 милиони и јас верувам дека е реално димензиониран буџет и на крајот сме тука, институциите се тука, Собранието, Владата, експертите наши да можат да не коригираат, но јас се надевам дека ќе коригираме летото на позитивно, ако се исполнат очекувањата.“ појасни Заев