ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК не ги коментира изјавите на Захариева за Тито, потсетува дека условите за ЕУ се јасни

November 16, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на Захариева дека “славењето на Тито“ е некомпатибилно со ЕУ, Писонеро порача дека Комисијата „не коментира коментари“, но додаде дека „условите за зачленување во ЕУ се прилично јасни“.

Најавената блокада од Бугарија на утрешниот министерски состанок на кој треба да се усвои преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија не ја обесхрабрува Европската комисија.

– Нашиот став е јасен, Европската комисија се залага првата меѓувладина конференција да се одржи што е можно поскоро, за ова да се случи сите се свесни дека е потребен договор во Советот (земјите членки – н.з.), невозможно е да се предвиди, но јасно е дека ги охрабруваме двете страни да ги засилат напорите за изнаоѓање решение, изјави портпаролката на денешниот редовен брифинг на Еврокомисијата.

Таа потврди дека Комисијата останува во контакт со германското претседателство чија цел е преговорите со Северна Македонија да започнат до крајот на оваа година, додека во исот време Комисијата продолжува да контактира и со Скопје и со Софија.

Што се однесува до барањето на Бугарија да се додаде поглавје во преговорите со Северна Македонија во кое би се вклучиле бугарските барања, Писонеро не сакаше да коментира.

– Не ги коментираме индивидуалните ставови на земјите членки, потребен ни е договор за текстот од сите земји членки, Комисијата го поднесе својот предлог во јули и тој ќе биде објавен само откако ќе има договор во Советот, изјави Писонеро.

Според дипломатите во Брисел, се очекува многу брзо нова иницијатива на германското претседателство, во наредните денови, за да се приближат позициите на Скопје и на Софија со надеж дека ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција пред крајот на германското претседавање со ЕУ, но надежите се мали. Дипломати од земји членки за МИА велат дека бугарската позиција е „многу тврда“ и не се исклучува прашањето да биде одложено за по изборите во Бугарија, што треба да се одржат во март идната година.

Next Post

Европските Зелени бараат преговори без одлагање со С. Македонија и почитување на самоопределувањето

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk