ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Се разгледува можноста за отвoрање на нови ковид центри

November 16, 2020 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пацинети,  пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање на нови ковид центри доколку за тоа има потреба.

– Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво нос и грло и на Клиниката за очни болести кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти – рече министерот Филипче.

Тој побара од директорите на хируршките клиники и  директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.

– Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио – рече министерот Филипче на состанокот.

Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на хируршките клиники.

– Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.

Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клиники.

Next Post

„Врба“ од Манчевски, национален кандидат за Оскар 2021

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk