Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов како гостин со јавување во живо на бугарската ТВ Европа. Тој во гостувањето ги искажува македонските позиции и ги објаснува небулозите од блокирањето на Бугарија на патот на С. Македонија кон ЕУ и тезите од официјална Софија за негирањето на македонската нација и негирањето на историјата на бугарската царска окупација на Македонија за време на Втората светска војна.
Шилегов говори за изјавите и изместувањето на тезите на Захариева во врска со празнувањето на 13-ти Ноември – денот на ослободувањето на Скопје. Тој додава дека изјавите на Захариева и прават поголема штета на Бугарија отколку на Македонија.
„Мојот став е дека нејзините тези се алиби за глупоста што ја прави Бугарија кон Северна Македонија.“, вели Шилегов во изјавата за ТВ Европа.
Ј. Ѓ.