ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Зголемен бројот на приеми во болниците, нема неангажирани лекари

November 16, 2020 06:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на дијагностицирани на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во земјава надмина 47 илјади (47 050) со најновите 990 потврдени во вчерашната статистика за поминати 24 часа. Починати досега се 1.305 луѓе. Во последниот извештај Министетството за здравство соопшти дека битката со опасниот вирус во претходното деноноќие ја загубиле  24 пациенти на возраст од 41 до 86 години. Регистрирани се и 382 оздравени, со кои досега излекувани се  вкупно 27.364.

Активни се 18 381 случаи – од нив 8506 во Скопје, а меѓу скопските општини четирицифрени активни има во пет: Аеродром -1287,  Гази Баба – 1196, Карпош – 1102, Центар – 1069 и Кисела Вода – 1047.  Во градовите низ земјава над илјада заразени има Тетово (1060), а помеѓу 500 и 1000 бележат Прилеп (901), Куманово (844), Велес (777), Битола (697), Струмица (649), Гостивар (564), Охрид (536), Штип (513).

Министерството за здравство вчера соопшти дека 1111 пациенти заразени со КОВИД-19 се лекуваат во болниците низ земјава, од кои 410 во Скопје и 701 во КОВИД-центрите во други градови. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Поради напливот на пациенти се мобилизира медицински кадар од сите дејности, специјалисти од други области, пред сè интернисти, им помагаат на инфектолозите во лекување и третман на пациентите на КОВИД-одделите.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека со недостиг од медицински кадар се соочуваат болниците во целата земја и во овој момент нема невработен или неангажиран лекар.

– Се испразнија интерните одделенија на клиниките во Скопје и сега интернистите заедно со пулмолозите и антестезиолозите работат и ги лекуваат овие пациенти. Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава. Сите млади лиценцирани лекари уште пред неколку месеци се вклучија преку платениот стаж, тоа беше политика на здружување на младите лекари во земјата која  ја пропагиравме. Тие се практично веќе  вклучени и помагаат секој во одредена област. Студентите од шеста година, исто така, во делот на епидемиологијата, сите здравствени работници се максимално ангажирани и помагаат според распоредот, според системот на тимови кој го направивме секаде каде што се лекуваат пациентите од КОВИД, изјави Филипче.

Наведе дека во овој момент сè уште нема потреба да се намали интензитетот на работа и закажување преку системот МојТермин, но здравствените власти се подготвени и сериозно да се редуцира другата работа на лекарите и за тоа, рече, има план во болницата „8 Септември“ и во другите клиники,  со цел уште поголем број лекари да им помогнат на своите колеги во третманот на КОВИД-пациентите.

По состанокот што го имал со приватните лекари, рече, десетина се пријавиле да помагаат во справувањето со КОВИД-19, така што сè уште нема потреба да се ангажираат пензионирани лекари, како што веќе прават некои земји кои се соочуваат со недостиг на кадар.

Министерството за здарвство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно  160 пациенти, во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, а во изминатото деноноќие таму се примени  нови 11 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, од кои 11 деца и 27 возрасни. На интерните клиники во изминатото деноноќие имало 24 приеми –  четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ каде вкупно има 55  пациенти, тројца пациенти се примени во КОВИД-центарот на Клиниката за неврологија и 17 болни на новото одделение на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во КОВИД-центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, а на Неврологија 37.

И покрај  големиот број приеми во текот на претходниот ден, слободни места има доволно во КОВИД–центрите на интерните клиники, посочи Министерството за здравство, а се очекуваат  и дополнителни места по исписите на оздравени пациенти на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Се очекува да почне со работа и КОВИД-центарот на Клиниката за нефрологија во комплексот интерни клиники.

Во однос на пополнетоста на КОВИД-центрите во болниците низ земјава, Министерството за здравство вчера соопшти дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупно  701 пациенти болнички се лекуваат на инфективните одделенија.

-Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла,  информираше Министерството, додавајќи  дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Со реакција вчера се огласи Здружението по општа и семејна медицина поради тоа што во некои медиуми одговорност и вина се бара од матичните лекари за зголемениот број компликации и хоспитализации кај пациенти во овој период. Здружението  во дописот соопшти дека од почетокот на пандемијата се конструктивни во предлагање решенија за проблемите со вирусот, се обраќале до Комисијата за заразни болести, во која нема претстатвник матичен лекар, како и до министерот за здравство, но дека одговори не добиле.

– Ставени сме во позиција одговорно да ги спроведуваме одлуките и протоколите донесени од Комисијата, која нема увид во обемот и тежината на работата на матичните доктори, чија  улога е да бидат први и последни во грижата за здравјето на своите пациенти, наведе Здружението по општа и семејна медицина.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk