ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бучковски: Имаме закон и резолуција за неправдите од комунизмот кои треба да ги искористиме пред Бугарија

November 19, 2020 21:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да кажам дека во Бугарија се пренесуваат и изјавите на Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, кој има изјавувано дека понекогаш му пречи тоа што на некои споменици пишува бугарскиот фашистички окупатор. Треба да видиме дали е точно дека во изминатите години имаме 15 до 20 споменици на кои е избришана формулацијата „бугарски“, за да дадеме поттик во духот на Договорот за соработка и да не ја лепиме таа етикета на сите Бугари, рече Владо Бучковски во вестите на Сител.

„Ние Македонците забораваме дека Комунистичката партија која го создаде Антифашистичкото движење, кое ни ја донесе победата, слободата, ни го донесе АСНОМ, од 1934 година од Коминтерната до формирање на првите партизански одреди беше силно помогната од Комунистичката партија на Бугарија.

Ние во 2005 година го рехабилитиравме Методија Шаторов Шарло. Рехабилитацијата и Каракачанов ја споменува постојано Во 2005 година ние имаме Закон за обештетување на репресираните од комунистичкиот режим. Во 2006 година кога спикер во парламентот беше Љупчо Јордановски, на предлог на Стојан Андов, имаме Резолуција донесена според Резолуцијата на Советот на Европа, таа е за осуда на неправдите од комунизмот.

Таа може да не покрие во тој дел што го споменуваат Бугарите. Или не обвинуваат дека не се грижиме со сито внимание кон нивните гробишта од првата светска војна, кои се споменуваат, на пример во Ново Село. Многу повеќе имаме направено од тоа што го има Бугарија направено, но сме свесни дека тие се дел од клубот, а ние сакаме таму да влеземе, во нерамноправна позиција сме, но нашата упорност и трпеливост мора да се одлика на македонската влада и македонската политика во овој период.“- изјави поранешниот премиер, Владо Бучковски, во вестите на Сител.

Бучковски, кој деновиве престојувал во Софија и имал телевизиски настапи, смета дека проблемите тежат 50 години, и дека причина за ваквиот став на Бугарија не се само претстојните избори.

„ За истите овие политичари мислевме дека се наши, за Захариева дека е на наша страна затоа што кога претседаваа они во ЕУ, таа постојано го враќаше на дневен ред прашањето за проширувањето на ЕУ, но сега се сменија работите. Ако се направат подлабоки анализи во изминатата година е поинаку, прво мислевме дека тоа е заради локалните избори во Бугарија, сега мислиме затоа што им се ближат парламентарните избори, но има и наталожено проблеми кои тежат пет децении. И сега они мислат дека треба да ги истестираат овие политичари, медиумите, јавноста, дали сме ние спремни да најдеме заеднички личности кои ќе потврдат дека навистина сме блиски.“- дополни Бучковски.

Next Post

Панчев: Бугарија не го негира македонскиот идентитет, но го брани бугарскиот идентитет

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk