ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Не можеме да зборуваме или да преговараме за јазикот или идентитетот, не е мудро историјата да стане предмет на разговор меѓу политичарите

November 19, 2020 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во обраќањето на онлајн конференцијата „Земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ – Предизвици и можности за европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, рече дека нема да престанат напорите за изнаоѓање решение со Бугарија и оти остануваме посветени на изнаоѓање излез, но само, како што рече, во рамките на тоа што е можно.

– Ние сме целосно посветени на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство, но не можеме да зборуваме или да преговараме за јазикот или идентитетот. Јазикот не може да биде пречка за пријателство ако тоа пријателство се заснова на заемна почит и ние ќе продолжиме да ги убедуваме нашите соседи во Софија дека тоа е така. Не е мудро историјата да стане предмет на разговор меѓу политичарите; тоа треба да им се остави на историчарите. Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да го промениме денес и утре, рече Димитров во воведното обраќање.

Во контекст на темата на панелот „Што е Европа“ на која вицепремерот Димитров се обрати како главен говорник, тој потенцираше дека „постојат два магнети кои ги привлекуваат македонските граѓани кон Европската Унија.

Првиот е просперитет и е поврзан со заедничкиот европски пазар. Вториот е европските вредности како што се демократијата, владеењето на правото, независни судии, борба против корупцијата, отчетност, слободни медиуми, чист воздух и вода. Секогаш кога се прават компромиси во однос на вториот магнет, ЕУ станува помалку привлечна, рече Димитров.

Он-лајн конференцијата е во организација на Европскиот балкански фонд, BiEPAG и Данскиот институт за надворешна политика, каде заедно со дански политичари, експерти од регионот и претставници од ЕУ и европските тинк-тенк организации дебатираа на прашањата за тоа како може ЕУ да обезбеди заштита на владеењето на правото во ЕУ и меѓу земјите од регионот и дали политиката на ЕУ го даде посакуваниот ефект во земјите кандидатки за пристапување, како и за статусот на процесот на проширување на земјите од Западен Балкан.

 

Next Post

Пендаровски: Кризна состојба на цела територија на државата 30 дена

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk