ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Не може да зборуваме за одредби, ако го оспорувате моето право на етничка и национална самоидентификација

November 19, 2020 09:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски оценува дека бугарските барања се спротивни на европските вредности и оти воопшто не се содржани во Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година.

Во интервју за австриската ORF TV Пендаровски посочува дека истата политичка структура во Софија која го потпишала Договорот за добрососедство и која тогаш велела дека тоа е добар договор, сега со последните барања излегува од параметрите на тој Договор.

– Никаде во Договорот од 2017 година нема ниту една единствена буква, а не член, не пасус, не преамбула, каков било дел, кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на билатералните разговори за етничкото потекло на нас, Македонците. Нема ниту една единствена буква, дел, член, што било кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега зборувам е македонски или не, нагласува Пендаровски.

Според него, не може држава од позиција на земја – членка на Унијата да наметнува услови и да кажува како треба да се чита историјата и да се исполнува нешто што воопшто не е дел од Договорот.

-Вие не може да обвинувате дека не го почитуваме Договорот, а во исто време да додавате барања кои, освен што излегуваат од здравиот разум и одат наспроти базичните демократски вредности, просто не се содржани во Договорот. Значи, едно е ако во тој дел квалификацијата би била дека во некој аспект имаме успорување на тој Договор, посебно во делот на Комисијата за историчари. Се разбира, тоа е и наш интерес да го димензионираме. Меѓутоа, не може да зборуваме за неисполнување на одредби од Договорот ако зборувате и го оспорувате моето право на етничка и национална самоидентификација бидејќи такво нешто не е содржано во договорот, оценува Пендаровски.

Тој вели дека е легитимно тоа што Бугарија сака да ги заштити правата на оние граѓани во Северна Македонија кои се декларираат како Бугари, но, како што вели, го одрекува правото на оние кои сакаат да се декларираат како Македонци, а живеат на бугарска територија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нивото на антитела за Ковид-19 се намалува побрзо кај мажите

НАЈНОВО

Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

October 16, 2025

„Дон Кихот во Скопје“ – светска премиера на Концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца

October 16, 2025

Студентите од Србија финалисти за наградата Сахаров 2025

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk