ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Да создадеме свет каков што замислува секое дете

November 20, 2020 12:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска го честита Меѓународниот ден на детето и се приклучува кон глобалното одбележување.

„Осветлувањето на зградата на министерството во сина боја е само потсетување на тоа дека сме овде и ги правиме сите напори да обезбедиме подобра иднина за сите деца.

Да создадеме свет каков што замислува секое дете. Да обмислиме подобра иднина. Вреди да ги исполниме детските соништа за искрени детски насмевки.

Корона кризата е еден вид тест на човештвото. Ни даде можност да видиме до каде сме,  да ги потврдиме приоритетите и да тргнеме уште побрзо напред. Да го замислиме светот што сакаме да го создадеме. И тоа треба да го направиме сите заедно. Најважно од сѐ заедно со младите, бидејќи овој свет им го оставаме токму ним.

МОН се залага во овој период на пандемија училиштата први да отворат и последни да затворат. Бидејќи немањето пристап до образование остава последици со кои децата се борат целиот свој живот. Токму затоа создадовме комбиниран модел на настава чија главна цел, покрај заштита на здравјето, е секое дете да биде вклучено во образовниот процес. И горда сум што овој модел се покажа како мошне успешен.

Време е за темелни промени во образованието – токму ова е наш главен приоритет. Ние мораме да воспоставиме образовен процес кој ќе одговори на потребите на новите генерации. Да се фокусираме на развој на когнитивните процеси и на критичката мисла наместо на меморирање податоци. Да ги подготвиме учениците за реалните предизвици кои ги очекуваат, да ги поттикнеме и насочиме да го достигнат својот полн потенцијал.

Работиме на редефинирање на наставните материјали. Дигиталната ера нуди безброј можности за надградување на младите, но наша задача е да ги систематизираме во конкретни алатки и да ги ставиме на располагање и на наставниот кадар и на учениците. Го подобруваме пристапот до образование. Ова значи инвестиции во самите училишта, за нивно проширување, модернизирање, за да овозможиме што повеќе деца да имаат што поквалитетни услови.

И секако, многу е важно јакнењето и вложувањето во наставниот кадар. Навистина ни се потребни посветени и мотивирани наставници. Затоа што училиштата не се само објекти – тоа се институции каде се создаваат граѓани – креатори на сегашноста и иднината на нашето општество“ истакна Царовска

Next Post

Средба на Груби со новиот француски амбасадор Бомгартнер

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА