ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година

November 23, 2020 21:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обзбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија “И што сега“ на Националната телевизија.

Министерот кажа дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика за раст на бројот на домашни туристи во август и септември покажуваат дека мерката ги дала очекуваните резултати.

„Согласно Уредбта која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември. Но, во предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, тоа би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенираше дека секторот туризам и угстителство беше најпогоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, затоа и најголем дел од мерките во сите четири сета кои што ги донесе Владата за поддршка на економијата беа креирани за поддршка токму на овој сектор.

“Ваучерите во вредност од 6.000 денари беа неменети за граѓани со ниски приходи за поддршка на домашниот туризам, а истовремено имаше и платежни картички во вредност од 3.000 денари кои што можеше да се користат во домашните угостителски и хотелски капацитети. Досега се искористени над 46.000 ваучери, а граѓаните имаат уште еден месец да ги искористат и ги повикувам да ги искористат што помасовно се со цел на тој начин да го поддржат секторот“, потенцираше Бектеши.

Министерот додаде дека хотелиерите и угостителите на располагање ја имаа и мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, каде што според податоците од Управата за јавни приходи најголем дел од компаниите кои што ја искористија оваа мерка се од туристичко-угостителскиот сектор и од транспортот, како и бескаматни кредити, што според податоците на Развојната банкана Северна Македонија, најголем дел на компании токму од овој сектор беа од оние кои добија бескаматни кредити. Целта на мерките е зголемување на ликвидноста на компаниите во државата за полесно да ја пребродат кризата, но и зачувување на работните места.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Од Ковид-19 почина новинарот Рефик Зенку, дописник на МИА од Кичево

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk