ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Независните угостители бараат со дел од парите за предновогодишни забави да се помогне оваа индустрија

November 23, 2020 07:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Независната угостителска комора започнува кампања #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија. Целта е да ги поттикнат фирмите дел од својот планиран корпоративен буџет за предновогодишната забава да го пренаменат и да го инвестираат или донираат во угостителската индустрија или кај, како што наведуваат во соопштение,#МојотОмиленУгостител затоа што и тој #ЗаслужуваПоддршка.

Како што укажуваат од НУК, во декември во поголемиот дел од угостителските објекти се организираат и до 40 корпоративни пладневни и вечерни забави. За организација на корпоративни и останати предновогодишни забави фирмите во Македонија, наведуваат, трошат повеќе од 20 милиони евра планиран буџет кој оваа година во повеќе случаи ќе остане неискористен или ќе биде пренаменет за други работи.

Ако Владата не сака и не може, истакнуваат од НУК во соопштение, тоа не значи дека нема начин како ние сите заедно да помогнеме во опстанокот на вашите омилени угостители.

-Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.Оставени сами на милост и немилост без конкретна и директна помош и поддршка што Владата можеше изминатите месеци да ја направи за нив, го чекаат денот кога ќе бидат доведени пред колапс и приморани трајно да ги затворат своите локали и да се откажат од своето минато, својот труд и својата иднина, вели во пишана изјава Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

За да не дозволиме да изгубиме ниту еден угостителски објект плус, дополнува, оваа година Незацвисната угостителска комора започнува кампања #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија.

-На прагот сме на декември, месец кога нема фирма која држи до себе, a нема направено предновогодишна прослава и забава за своите вработени и за своите најверни клиенти. Тоа е месецот кога се бараат врски и ургенции да се резервира невреме омилениот угостителски објект, кога се бара врска за влез и место плус за уште еден гостин.  Оваа година поради пандемијата Ковид-19 омилените новогодишни забави ќе ги нема. Ќе го нема жагорот, насмевките, играњата, пијанствата и забавата. За жал на многу ваши омилени локали исто така им се заканува опасност од трајно затворање. Но тоа не значи дека не постои можност и начин јавно да ги поддржите и да им помогнете на омилените угостителски објекти да опстанат оваа зима и со насмевка, харизма и позитивна енергија Ве дочекаат наредната пролет, истакнува Јосифовски.

Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител. Ги покануваат и сите останати фирми и индивидуалци кои можат и сакаат да се приклучат кон кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам на #МојотОмиленУгостител и опстанокот на угостителската индустрија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Белешки за очекуваното вето на Бугарија против С. Македонија

НАЈНОВО

Изборен молк до утре во 19 часот

October 18, 2025

Во Скопје 474.304 илјади гласачи, Куманово 94.041, Лозово со најмалку 1905, се гласа на 3.474 избирачки места

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Осми локални избори: 309 кандидати за градоначалници во 81 општина

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk