ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Вложуваме во енергетска независност и во еколошки извори на енергија  

November 23, 2020 17:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска го отвори третиот Македонски енергетски форум. Форумот годинава е во организација на ЗИП Институт, а во соработка со Владата на Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.


„Токму еден од приоритетните сектори на кои се фокусира Владата на среден и долг рок, е вложувањата во енергетскиот сектор. Нашите заложби се насочени кон зголемување на интересите на инвеститорите во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

Дополнително, нашите заложби се постепено преминување кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија вода, сонце и ветер се со цел постепено намалување на употребата на јагленот како извор на енергија.

Во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.

Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. Денес сакам да најавам неколку проекти на Владата во овој сегмент, како терминалот на течен природен гас во Александропулос, Грција за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори. Сите инвестиции кои ги имаме од земјите членки на Европската Унија, почнувајќи од фотоволтаици, ветерните централи, и најава за сериозни инвестиции во хидроцентралната Чебрене.

Искрено се надевам дека учеството во овие енергетски проекти ќе поттикне се повеќе сектори за развој на регионалната соработка.

Од голема важност е интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Интерконекторот за природен гас меѓу двете земји како и надградбата на постојниот нафтовод може да ја направи Северна Македонија дистрибутивен центар за висококвалитетни горива на Западен Балкан.

Овде може да ги дополниме идеите и за интерконекторите со Косово, Србија и помеѓу Струмица и Петрич, Бугарија.

Дополнително во чекор со нашите заложби и усогласување на регулативата со ЕУ, годинава во февруари донесен е и новиот Закон за енергетска ефикасност, кој овозможува реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетската ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните така и за економијата воопшто.

Сакам да напоменам дека пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасификација, но тоа се неизбежни инвестициски процеси кои носат бенефит на долг рок.

Примена на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките за реализација и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности  и правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите“, рече Заев.

Покрај премиерот Заев, на форумот се обратија и амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, амбасадорот на Норвешка, Н.Е. Јорн Јуџин Јелстад и Агим Селами, директор на ЗИП Институтот.

Next Post

Попладневен преглед: Повеќе оздравени од новозаразени со коронавирус, 35 починати, Заев вели, не сме многу далеку од договор со Бугарија...

НАЈНОВО

Скриншот

Големите економии во развој отпорни на американските царини: Кина, Индија и Бразил добро се справуваат

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk