ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претстава за Универзалната сала го отвора 45. МОТ, 12 театри на фестивалската програма

November 24, 2020 08:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со премиера на претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ – копродукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, вечер од 19 часот ќе почне 45. Млад отворен театар, кој поради пандемијата годинава ќе биде хибридно издание – онлајн-претстави и изведби во живо на сцената на Младинскиот културен центар и Универзалната сала.

Претставата со која МОТ ќе биде отворен вечер во Универзалната сала е приказна за затворениот објект на познатата сала, еден од симболите на Скопје, која официјално не функционира веќе пет години. Претставата ќе има уште четири изведби во наредните четири дена, исто така со почеток во 19 часот.

Според авторите Кристина Леловац и Филип Јовановски (кои се дел од тимот што победи на Прашкото квадринале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година), се работи за перформанс-есеј за Жан Кокто во прошетка низ скопските улици, за поетот што во пожарот го спасувал огнот, наместо предметите што гореле…

– Додека општеството дебатира дали еден објект во центарот на градот треба да се урива или не, ние на тоа одговараме со уметност. Немаме историска дистанца од општествениот проблем, што е особен предизвик, туку сме еден спроти друг со него и си го поставуваме прашањето која е улогата на уметноста сега во општеството и кое е тоа општество кое нé доведе до овде,  велат  Леловац и Јовановски.

Млад отворен театар ќе трае до 3 декември и, покрај оваа, ќе има уште две премиери – перформансот „Скрисејвер“ (Screensaver), кој на 26 ноември од 19.30 часот ќе биде прикажан онлајн, развиен во рамки на програмата „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Втората премиера е „Херои 4:33“ во режија на Деан Дамјановски на театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес, која на 28 и на 29 ноември од 18 часот ќе биде изведена во Младинскиот културен центар.

На програмата годинава се претстави на 12 театри од нашата земја и од Словенија, Србија, Грција и Хрватска. Од претставите од странство во живо ќе гостува „Ателје 212“ од Србија со претставата „Лоунли планет“ во Младинскиот културен центар, на затворањето на МОТ (3 декември) со две изведби –  од 18 и од 20 часот.

На фестивалската програма се и претставите: „Траги од Антигона“ на ОДЦ Ансамбл од Грција (онлајн на 25 ноември од 20 часот); „Полковникот птица“ на НУ Гостиварски театар (онлајн на 27 ноември од 18 часот); „Ајхман во Ерусалим“ на Загребачко казалиште младих од Хрватска (онлајн на 27 ноември од 20 часот); „Три сестри и Наташа П“ на Арт медија (онлајн на 29 ноември од 19.30 часот); „Илузии“ на Wonderland Theatre (онлајн на 29 ноември од 21 часот); „Иднината е приватна“ на „Пресврт“ (онлајн на 30 ноември од 19 часот); „Спроти нештата“ на Словенско младинско гледалишче од Словенија (онлајн на 1 декември од 21 часот); „Кожурец“ на театарот „Артопија“ (онлајн на 2 декември од 19.30 часот).

МКЦ соопшти дека со годинашниот МОТ, кој се организира со поддршка од Град Скопје, се обидува да не го прекине континуитетот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивали во регионот, а мотото е „Ќе има утре!“. Ова издание е хибридно – онлајн и со изведби во МКЦ и Универзалната сала, како и линк со видеоизјави и тизери.

Поради ситуацијата со КОВИД-19, МКЦ соопшти дека тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите. Цената на билетите за претставите во живо e 300 денари. Онлајн-претставите се бесплатни, но неопходен е билет бидејќи бројот на гледачи на стримот е ограничен. Сите билети се достапни на: bileti.mkc.mk.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина ќе одржат нова рунда мировни преговори во Истанбул во среда, најави Зеленски

July 22, 2025

ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет

July 22, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

(ВИДЕО) Екитике доаѓа во Ливерпул, Слот атакува на нова шампионска година

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk