ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хелсиншки комитет: Новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство е позитивен чекор

November 25, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство е позитивен чекор и дека институциите треба да се подготват за негова доследна примена.

„ 16 дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања што започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и трае до 10 декември, Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија за организирање на поединци и организации ширум светот, кои се активни на полето на спречување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Годинава, Северна Македонија го одбележува овој ден со наговестувањата за промени, кои треба да ги донесе новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство. Ние ќе инсистираме на негова целосна примена на терен, за да се спречат идни случаи на убиства на жени поради непостапување на полицијата, за да запре двојното малтретирање на жртвите во социјалните центри и судовите и за да им се даде целосна поддршка“ велат од Хелсиншки комитет.

Оттаму додаваат дека справувањето со пандемијата на Ковид-19 значеше и повлекување во домовите како превентивна мерка за заштита на јавното здравје.

„Со оглед на тоа што домот генерално претставува едно од најнебезбедните места за жените, ранливоста на жените беше значително зголемена за време на рестриктивните мерки. На глобално ниво, ова предизвика алармантно зголемување на веќе постоечката пандемија на насилство врз жените, што беше забележано и во извештајот на Генералниот секретар на ООН. Хелсиншкиот комитет за човекови права од самиот почеток апелираше сите релевантни институции соодветно и навремено да постапуваат по пријавите за семејно и родово базирано насилство, за да се спречат фаталните последици кои може да ги предизвика насилството, особено во домот. Она што беше од особена важност овој период, е овозможувањето поддршка и охрабрување на жртвите за да го пријават насилството.

Искуството покажува дека еден од најсериозните проблеми е токму непријавувањето од страна на жртвите, што е резултат на недовербата во институциите, неказнувањето на насилниците, но и стравот и срамот, а честопати и непрепознавање на насилството од страна на самите жртви. Според Министерството за внатрешни работи, за време на пандемијата е евидентиран намален број на кривични дела, но зголемен број на поплаки поврзани со семејното насилство. Значаен дел од поплаките имаат елементи на кривични дела и преземените дејствија на МВР за заштита на жртвите во случај на поплака не придонесуваат за надминување на проблемот. Од почетокот на годинава Хелсиншкиот комитет регистрираше 23 случаи на семејно и родово базирано насилство, за кои беше обезбедена бесплатна правна помош. Во споредба со претходните години, ова не укажува на постоење тренд на пораст на пријавите, што неминовно повторно упатува на ниското ниво на доверба во постапувањето на институциите по ова прашање“ се вели во извештајот.

И оваа година, не изостанаа случаите на фемицид, односно убиствата на жена затоа што е жена.

„ Со последниот случај на фемицидот во Гостивар се потврди дека најчестата причина поради која физичкото насилство резултира во убиство е несериозниот пристап на институциите кон родово базираното насилство. Несоодветното постапување по пријавите очекувано ја потхранува недовербата. Исто така, фемицидот сè уште не е препознаен во нашето законодавство како посебно кривично дело и покрај тоа што тоа претставува најтешка форма на насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво“ покажуваат податоците на извештајот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025
Генерирано со ВИ

„Тоа е поткуп“: И медиумските ѕвезди на MAГA го критикуваат Трамп за подарокот-авион од Катар

May 13, 2025

Преброени над 93 проценти од гласачките кутии во Албанија, Рама може сам формира влада

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk