„Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се веќе зацртани. Тоа се нашите црвени линии. Македонската современа држава е втемелена со борбата на Македонската револуционерна организација, како и на Народноослободителната борба. Во тие рамки се движат основните постулати. Сепак, не можам да коментирам нешто што не сум видел, затоа мојот став е дека ни треба разум за да стигнеме до решение, за да ги отпочнеме преговорите со ЕУ“, изјави заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски во емисијата „Топ тема“, коментирајќи го денешното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС.
Според него, Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари.