ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Секретаријатот на ЕЗ трета година по ред ја оценува РКЕ како најдобар регулатор

November 25, 2020 11:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трета година по ред Секретаријатот на енергетската заедница (ЕЗ) ја оценува со прво место Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во својот годишен извештај за 2020 година. РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Грузија, со 82 отсто покажани перформанси кон реформските процеси од седум мониторирани регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина.

Во извештајот Секретаријатот на енергетската заедница посочува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) продолжува со докажување на голема посветеност кон енергетските реформи и регулаторната независност.

Во исто време се нотирани и притисоците кон РКЕ, односно, во извештајот се наведува дека „независноста на Регулаторот беше изложена на притисоци по определувањето на цените за универзалниот снабдувач на електрична енергија“.

-Горд сум на ова признание, кое е потврда за професионалноста, кредибилитетот и посветеноста на сите вработени во РКЕ. Признанието нотирано во извештајот од Секретаријатот на енергетската заедница доаѓа во исклучителен комплексен период од здравствен аспект, кога светот се бори за секој човечки живот, а последици има и врз економското живеење кое се рефлектира и во енергетскиот сектор. Притоа сигурната и стабилната испорака на енергенси е клучна и неа успевме да ја гарантираме. Благодарност до сите вработени, кои покажаа висока професионалност во спроведување на реформите преземени од ЕУ, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

Во годишниот извештај Секретаријатот ја нотира законската обврска според која РКЕ треба да добие одобрување на годишниот план за вработување, како и да спроведува сложени процедури во однос на ова прашање, што го отежнува работењето на РКЕ со полн капацитет согласно преземените надлежности.

Секретаријатот од Виена нотира дека мрежните кодови за електрична енергија и гас се директно применливи врз основа на националното законодавство, но недостасува нивно транспонирање во националните мрежни правила. Се уште не се утврдени критериумите за доделување на отстапувања од мрежните кодови, и не е воспоставена законската надлежност на РКЕ во однос на Регулацијата на интегритетот и транспарентноста на енергетските пазари (РЕМИТ – Regulation of Energy Market Integrity and Transparency).

Претседателот на РКЕ Бислимоски во моментов е и претседател на Одборот на регулатори тела на Енергетската заедница.

Next Post

Царовска: Предвремен распуст е неаргументиран предлог на опозицијата, нема ширење на вирусот во училиштата

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk