ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Координирани институции со јасни процедури за работа се ефикасен одговор против родово базирано насилство

November 25, 2020 11:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција.

Ова го порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

-Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство, посочи Спасовски, додавајќи дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ поради ризикот проблемот да добие нагорни тенденции.

Според него, родово базираното насилство кое што, од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејно насилство, е предизвик со којшто сите модерни општества сериозно се занимаваат. Притоа, како што потенцираше министерот за внатрешни работи, од исклучителна важност е сеопфатниот мултисекторски пристап во решавањето на овој ни малку занемарувачки проблем, што е потврдено и од фактот што ова е тема која, особено последниве две декади, е високо поставена во агендата на активности на ООН, како суштествена во натамошното етаблирање и заштита на родовите права, особено на правата на жените.

Спасовски предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција, преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Смета дека координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.

-Репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно делување, како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем и оваа кампања, што денеска стартува, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk