ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДВ: Институт на Каракачанов веќе пет години со владини пари го „разобличува“ бугарскиот карактер на Македонија

Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите на даночните обврзници во Бугарија биле издвоени околу 220 илјади евра.

November 27, 2020 08:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската влада пет години одвојува буџетски пари за финансирање на „Институт“ на партијата на Красимир Каракачанов чија цел е „разоткривање на карактерот на народноослободителното движење на Бугарите во Македонија“, објави Дојче веле.

Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите на даночните обврзници во Бугарија биле издвоени околу 220 илјади евра.

МНИ е директно поврзано со партијата ВМРО-БНД на актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој деновиве е најгласниот противник на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Исплатата од буџетските средства започнала паралелно со поддршката на Каракачанов за владата на Бојко Борисов и ГЕРБ во периодот 2014-2017 година. Институтот е создаден во 1990 година како наследник на Македонскиот научен институт од 1923 година.

Ставката во буџетот преку која бугарското министерство за образование одвојува средства за овој Институт е истата преку која се финансираат и институции како Црвениот крст, сојузите на лицата со инвалидитет, Бугарската православна црква и други.

Истражувањето на Слободна Европа открива дека МНИ воопшто не е акредитиран како научен институт, и покрај името. Неговите цели наведени во образложението се: „расветлување на општественото мислење во земјата и во странство, односно насилната денационализација на бугарското население во Македонија; разобличување на фалсификатите на историското минато и разоткривање на карактерот на народноослободителното движење на Бугарите во Македонија“.

Седиштето на „Институтот“ се наоѓа во зградата на ВМРО-БНД во Софија. Обидот на новинарите да добијат став за тоа како ова здружение ги троши државните пари, како од членовите на Институтот така и од пратениците на ВМРО во бугарскиот парламент, завршил неуспешно. Пратеникот на партијата на Каракачанов, Јулијан Ангелов порачал дека „нема никаков престап во тоа што Македонскиот Институт добива пари“ и дека Слободна Европа има проблем „ако продолжи да им угодува на македонистите и на Скопје“.

Историјата на МНИ е тесно поврзана со онаа на ВМРО-БНД и практично се формира како „академска гранка“ на партијата на Каракачанов во 1990 година, со претензија да ги продолжи активностите на Институтот, основан во 20-тите години на 20 век од страна на реномирани бугарски интелектуалци и професори со потекло од Македонија. Бугарскиот историчар Чавдар Маринов во својата книга „Македонското прашање од 1944 година до денес“, на МНИ му припишува „континуитет со ‘патриотската’ наука од времето на комунизмот на Живков”.

„Во новиот МНИ се наоѓаат историчари кои ја направиле својата кариера во Историскиот институт на Бугарската Комунистичка Партија и кои, од таа причина, имале пристап до архивска документација затворена за други истражувачи“, пишува Маринов.

И самиот Красимир Каракачанов, кој денес е бугарски вицепремиер, е дипломиран историчар од Универзитетот во Софија и поранешен агент на бугарската тајна служба. Неговата партија, која на почетокот на 1990 го носи името ВМРО-СМД, во својот прв статут како цел го поставува „целосното и неповратно решение на Македонското прашање, реферирајќи се кон Иван Михајлов, последниот водач на историското ВМРО“, забележува Маринов.

Извор: Дојче веле
Next Post

Кошмарен дрим-тим против Заев!

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk