ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Политичарите од двете страни сакаат напредок, македонските историчари прават сè да не се случи тоа

December 2, 2020 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со загриженост ја очекувам новата средба на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, но се надевам дека ќе направиме барем еден мал чекор напред, изјави бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), во пресрет на нејзиното ново заседание предвидено за утре и задутре.

– Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава.

Според него, постојат разлики меѓу политичарите и историчарите.

– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.

Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.

– Сè е до политичката волја, но во преден план доаѓа не само улогата на политичарите, туку и на историчарите. Не е во ред историчарите во Македонија да чекаат нова ситуација за да направат критичка анализа. Историчарот е должен да ја каже вистината и да го подготви општеството за вистината, категоричен е Димитров.

Тој нагласува дека позицијата на Бугарија за прашањето на Република Северна Македонија е „единствена и монолитна“.

– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров во изјавата за БНТ. /МИА/

Next Post

Пладневен преглед: Шансите Бугарија да се откаже од ветото се мали, кај македонските претставници сè уште постои оптимизам, здравсвото се подготвува за вакцинацијата од Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk