ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовски: Бучковски е одличен познавач на македонско-бугарските односи и почитуван од тамошната јавност

December 2, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владо Бучковски е одличен познавач на македонско-бугарските односи и треба да придонесе кон создавање на позитивна атмосфера за да се надмине проблемот со Бугарија, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарски прашања за одлуката на Владата да го именува за специјален претставник за Бугарија.

Арсовски рече дека Бучковски е почитуван од бугарските општествени и политички чинители и е добро примен во тамошната јавност.

– Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрување на односите со соседска Бугарија, истакна Арсовски на редовната прес-конференција во Владата.

Повтори дека нема потреба од нов договор или анекс на договорот и појасни дека патоказот би бил во насока на зајакнување на довербата за поголема ефикасност и функционалност на Договорот за добрососедство од 2017 година.

– Се разговара за сите дилеми и загрижености што Бугарија ги изнесува во јавност, за начинот и динамиката на спроведувањето на Договорот од 2017, како да се забрза изградбата на Коридорот 8. Се разговара за тоа како да запре говорот на омраза, на кој начин да се забрза работата на историската комисија. Се ова е во насока на воспоставување на доверба во процесот. Договорот е сериозен документ и нема потреба од нов договор и од анекс. Се што има потреба е да се дообјасни и да се детализира во некој придружен документ. Во таа насока е и патоказот за којшто реферирате. Тоа е една идеја што е во насока на зајакнување на довербата  за ефикасност и функционалност на Договорот за добрососедство. Така што, Владата смета дека тој план треба да се однесува на динамиката на спроведување на билатералниот договор надвор од преговарачката рамка, појасни Арсовски.

Нагласи дека македонскиот јазик и идентитет остануваат неспорен факт и оти ќе станеме дел од Европската унија како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Next Post

Видео записи од Васил Зафирчев, Дарко Мијалковски, Снежана Коневска Руси и други на денешното рочиште за „27 април“

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk