ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на министерски состанок за Западен Балкан: Со соработка и поддршка од ЕУ до иновативни решенија во образованието

December 2, 2020 13:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, во организација на Европската комисија и германското претседателство со Советот на ЕУ, оваа година во виртуелен формат.

Во онлајн-обраќањето, како што соопшти МОН, Царовска рече дека оваа иницијатива што сега станува реалност, овозможува регионот на Западен Балкан да стане дел од долгорочната стратегија на Европската комисија, со што повеќето од предложените мерки и активности ќе бидат проследени со зголемени инвестиции и посилна поддршка од земјите членки на ЕУ.

– Нагласувајќи дека националните приоритети во областа на образованието и обуките се во согласност со приоритетите на Платформата, како што се Зелениот договор, дигитализацијата, создавањето работни места и инклузивноста, Царовска посочи дека главен фокус во следниот период ќе биде подобрувањето на квалитетот на образованието и поддршка да одговори на потребите на пазарот на труд, како и зајакнување на средното стручно образование, информира МОН.

Исто така, се додава во соопштението, ќе се вложува во обуки и кариерен развој на наставниците, во приспособување и иновирање на системот на обука на наставниците, подобрување на наставните програми и инвестирање во регионалните центри за стручно образование и обука за млади лица, како и за преквалификација и доквалификација на возрасни,

– Создавањето нови работни места и зголемување на можностите за вработување останува предизвик поради пандемијата која, за жал, е широко распространета во нашата земја и во регионот. Затоа, процесот на континуирани реформи во средното образование, фокусиран на средното стручно образование, ќе продолжи и од голема важност е дополнителното финансирање во овој сектор. Трите регионални центри за стручно образование и обука ќе бидат отворени на почетокот на 2021 година, рече министерката Царовска.

Подобрувањата во дигитализацијата на образованието и воспоставувањето соработка преку новиот акционен план за дигитално образование (ДЕАП) со балканскиот регион за периодот од 2021 до 2027 година, министерката Царовска ги најави како следни активности. Таа го искажа интересот за учество во новиот програмски циклус на Еразмус-програмата и Европскиот корпус, најавувајќи активно учество во процесот на развој на заеднички стандарди и процедури за признавање на академските квалификации и студии во странство.

Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан ја стимулира, следи и поддржува соработката во истражувањето, образованието и иновациите меѓу земјите членки на Унијата, од Западен Балкан и други придружни земји на Хоризонт 2020.

Годишните министерски состаноци, наведува МОН, овозможуваат идентификување на заедничките приоритети, споделување информации за најновите политики и мерки во делот на реформите, како и одлучување по теми за регионална соработка со помош на ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Дејвид Бекам доживеал „несреќен случај“ при стрижење

July 21, 2025

Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија

July 21, 2025
Shahed 136 (by Tasnim News Agency, CC BY 4.0)

ТЕЛЕГРАФ: Русија ангажира тинејџери за изградба на самоубиствени беспилотни летала „Шахед“

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk