Премиерот Зоран Заев на својот Фејбук профил напиша дека амандманите се апсурдни и нелогичности на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата.
-Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки.
Ова е срамна непочит кон македонските граѓани. Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани.