ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден со апел до Американците: Само 100 дена да се носат маски, не засекогаш и сметам дека ќе видиме значајно намалување

December 5, 2020 08:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Џон Ф. Кенеди ги повика Американците да не прашуваат што може нивната земја да стори за нив, туку што тие можат да сторат за својата земја. Кога ќе ја даде истата заклета за новиот мандат следниот месец, Џо Бајден ќе ја замоли нацијата да го стори истото, можеби во попрозаична смисла, со апел секој Американец да носи маска во текот на неговите први, симболични 100 дена на функција, пишува Си-Ен-Ен.

Избраниот претседател го изнесе поттикнувачкиот, алтруистички, прв национален повик за поддршка на неговата администрација во ексклузивното интервју за Си-Ен-Ен во четвртокот со избраниот потпретседател на САД Камала Харис, покажувајќи остра промена на насоката кога ќе го наследи претседателот Доналд Трамп.

„Само 100 дена да се носат маски, не засекогаш. Сто дена. И сметам дека ќе видиме значајно намалување“, истакна Бајден за Џејк Тапер од Си-Ен-Ен, имплицитно признавајќи дека коронавирусот би можел уште поинтензивно да се шири кога тој ќе ја преземе функцијата, отколку што е сегашниот алармантен пораст.

Откако претседателот Френклин Рузвелт ја презеде функција во мрачните денови на Големата депресија во 1933 година, првите 100 дена го означуваат врвот на моќта на новиот лидер на САД и често најплодниот период за политички победи.

Во текот на интервјуто во четвртокот, Бајден се осврна на неверојатните предизвици со кои Рузвелт се соочил кога првпат бил избран, забележувајќи дека сегашните околности „не се различни од тоа што се случи во 1932 година“.

„Имаше фундаментална разлика, што се одвиваше не само тука во САД, туку и низ целиот свет“, истакна Бајден за Тапер. „Ние сме во средина на оваа четврта индустриска револуција“, тој забележа. Со сите промени во технологијата, рече тој, Американците се прашуваат „Ќе има ли средна класа? Што ќе прават луѓето?… Постои вистинска, вистинска вознемиреност“.

Френклин Д. Рузвелт во неговото прво инаугуративно обраќање им рече на Американците дека „единствено нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв“, челичејќи едно деморализирано граѓанство да се држи цврсто во услови на банкарска криза која се закануваше да ја уништи веќе разорената економија.

Бајден ќе ја преземе должноста во поекстремни домашни околности отколку кој било друг претседател од времето на Рузвелт, со широкораспространета болест и смртност и милиони Американци невработени, гладни или кои се изложени на ризик да ги загубат своите домови.

Како и неговиот Демократски претходник, тој ќе ги искористи познатите воведни моменти од неговиот мандат за да го повика исцрпениот народ да се обедини, во заедничка цел – со помош на новите вакцини – овој пат да се победи вирусот и да се спаси економијата.

Меѓутоа, прашање е дали повиците на Бајден за национално единство ќе одекнат кај луѓето кои не гласаа за него по немилосрдните напади на Трамп врз легитимноста на неговата победа во претседателските избори. Но, повикот на Бајден за дејствување може да носи поголема итност сега кога вирусот ги зафаќа руралните места во срцето на земјата кои се со споредбено понесеопфатни здравствени системи, кои го избегнаа првиот бран на инфекција што беше концентриран во голем број градови кои имаат тенденција да гласаат за Демократите.

Интервјуто на Бајден – неговото прво интервју по изборите кое ја влучи и Харис – подвлече целосна корекција на курсот на односот на Трамп кон вирусот. Пандемијата никогаш не била полоша отколку што е сега во САД. Еден Американец умира на секои 30 секунди во време на рекордни бројки на смртност и хоспитализации. Докторите и медициснските сестри се исцрпени по многуте месеци поминати во преполнетите Ковид центри.

Повеќе од 276,000 луѓе се починати од коронавирусот во САД, а нацијата постави и нов рекорд на хоспитализации во четвртокот, со над 100,667 луѓе кои се лекуваат од Ковид-19.

Сепак, сегашниот претседател ја игнорира катастрофата и продолжува со неговите фантастични лаги и тврдења дека изборите што ги изгуби со добра разлика му се украдени.

Трамп често се мајтапи со носењето маски. Организира празнични забави во Белата куќа игнорирајќи ги здравствените препораки на сопствената влада. Кога се врати дома по неговата битка со Ковид-19 во воена болница, тој фамозно се сврте кон камерите и ја откина маската.

Спротивно на тоа и доколку минатото однесување е било каков водич, се очекува дека една од првите постапки на Бајден по одржување на инаугаративниот говор за 47 дена ќе биде повторно да ја стави неговата маска.

превод: Н. Цветковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk