ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„За сите наши волонтери“ – Светски ден на волонтерството – 5. Декември

December 5, 2020 08:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември секоја година се одбележува со пригодни активности во движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На овој ден ширум светот се организираат најразлични активности за да им се оддаде признание на волонтерите за нивниот придонес и волонтерска работа за помош и поддршка на различни категории на население кои ги помага Црвениот крст.

Како резултат на пандемијата со Ковид-19, вчера Црвениот крст организираше онлајн вебинар настан за одбележување на Светскиот ден на волонтерството под мотото „За сите наши волонтери“. Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на настанот и во име на Црвениот крст на сите волонтери им го додели Признанието насловено „За сите наши волонтери” за севкупниот придонес во обезбедувањето поддршка за различни целни групи на население погодени од пандемијата со Ковид-19 во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми, во името на сите граѓани да им кажам едно големо благодарам на сите волонтери за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност. Сево ова е посебно видливо во овие вонредни услови во кои се наоѓаме заради пандемијата на Ковид-19, кога ни се потребни сите материјални, медицински, но, пред се, човечки ресурси, порача претседателот Пендаровски.

Честитајќи го Меѓународниот ден на волонтерството, претседателот Пендаровски посочи дека волонтерите на Црвениот крст кои се вклучени во помош и поддршка на луѓето кои се во незавидна состојба како резултат на пандемијата, претставуваат мотив и инспирација за сите останати и позитивен пример што ја враќа надежта во човечноста и хуманоста.

-Денес, кога целиот свет се бори со пандемија, треба сите да покажеме солидарност и одговорност, затоа што само преку развиена колективна свест ќе постигнеме заеднички напредок, им порача претседателот Пендаровски на волонтерите од Црвениот крст и истакна дека нашата држава се гордее со сите нивни досегашни активности и придонес во унапредување на добросостојбата на сите граѓани.

Претставниците од Црвениот крст изразија благодарност до претседателот Пендаровски за неговата континуирана поддршка на сите социјални и хумани активности на нивната организација.

Организацијата „Младите можат“ денеска со почеток во 13:00 часот организира онлајн настан на кој ќе се дебатира за волонтерските активности во нашата заедница, за одржливоста на волонтерските активности и можности и за тоа каква поддршка им е потребна на волонтерите. Покрај тимот на „Младите можат“, ќе бидат и Ирина Јаневска претседателка на Здружението за социјални иновации АРНО и Никола Јовановски, волонтер, активист, поборник за заштита на животната средина, член на УО на „Младите можат“. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk