ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство

December 5, 2020 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска во Штип ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.

Премиерот Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

-Чест ми е што денеска сме во Штип за да ги доделиме првите договори за поддршка до 20 илјади евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на сите млади земјоделци, севкупно 265 апликанти кои одлучија да инвестираат во оваа значајна економска гранка. Вкупната вредност на оваа мерка е 190 милиони денари или 3,1 милиони евра. Сите одобрени апликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции, за разлика од минатата година кога износот беше помал до 10 илјади евра, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека цел на оваа мерка е да се поттикнат младите луѓе да останат во земјата и да ги реализираат инвестициите за модернизирање на земјоделските стопанства, што значи намалување на производните трошоци и зголемување на конкурентноста.

-Само со вложување во младите може да влијаеме на одливот на кадар и миграција село – град, да се инвестира во земјоделството и да се отвораат нови работни места. Дополнително поттикнува тоа што согласно апликациите има многу креативни и интересни идеи за развој на нови бизниси во агро – секторот кои ќе бидат менаџирани пред се од млади до 40 години. Согласно договорите инвестициите ќе бидат насочени за набавка на пчеларска опрема, молзни системи, млинови, современа опрема за фарми, собирачи за лешници, бадеми, апарати за тресење на сливи и слично, објасни премиерот Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа им честита на сите млади земјоделци и им порача да продолжат да и веруваат на својата држава, посакувајќи им храбро, со ентузијазам и домаќински да ги вложуваат парите и да ја дуплираат нивната вредност преку своето производство.

-Минатата година, преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, која се однесува на младите земјоделци до 40 години, финансиската поддршка изнесуваше 10.000 евра. Со измената на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка е зголемена за 100 отсто и сега изнесува 20.000 евра. Мерката го поддржува поттикнувањето на земјоделското производство на земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци, заклучи министерот Хоџа и додаде дека целта е што повеќе младите да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство со тоа што ќе обезбедат добри услови и поддршка од државата за нивната иднина да ја градат тука, во нашата земја.

Владата, Министерството и Агенцијата, додаде, ќе продолжат да креираат мерки и програми за развивање на домашниот агро-сектор.

Next Post

Агенција Фич: Хрватската економија ќе падне за рекордни 9 отсто

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk