“Чудно е оти во документите често бегаат од Преспанскиот договор и велат ама тој не е договор каде што ние сме страна, тој ги обврзува само соседите, второ ако се повикуваат на Преспанскиот договор зошто тогаш би требало да зборуваме за македонскиот јазик кој што е кристално јасно наведен во членот 1 од Преспанскиот договор, така што тука има една контрадикција и неконзистентност, проблемот не нов, проблемот трае со децении, започна процес на надминување на проблемите, идејата на Договорот беше историјата на историчарите, а ние како Влади, како политика ќе се бавиме со денес да создадеме подобро утре за нашето пријателство, за двете страни, јас сум убеден дека тој Договор има механизми да испорача вакви резултати ама треба голема политичка инвестиција од двете страни и мудра политика, и не сум убеден дека да го немавме денес Договорот ние ќе имавме некаква подобра ситуација“
„Македонскиот идентитет не загрозува никого, тој не е офанзивен и можеби незадоволството произлегува од тоа што зборуваме за овие европски принципи, одиме во европски главни градови и бараме поддршка меѓутоа не сме ние тие кој ова прашање го внесоа на европската маса“ – додава Никола Димитров, во своето гостување на Сител Телевизија





