„Преспанскиот договор беше возможен токму затоа што македонскиот идентитет излезе недопрен од тој процес” – вели во своето гостување на Сител Тв, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров .
“Грција со тој договор го прифати нашето право на самоопределување, јас не сум сигурен дека јавноста до крај, бидејќи јавноста по дефиниција не е правен експерт и не се фокусира само врз дипломатијата, меѓутоа ние на светската карта бевме незавршена приказна, нас формално во светското семејство ни се обраќаа со Поранешна југословенска РМ, со приемот имавме обврска да го надминеме овој проблем, со тој Договор го завршивме тој процес, ја доизградивме таа смисла етаблирањето меѓународно на нашата држава, каде македонскиот јазик ни е македонски според член 7 од Договорот си се изразуваме како македонски народ, традиција итн. тоа беше возможно само заради тоа бидејќи не допираше дури и го промовира македонскиот идентитет“ – посочи Димитров