ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Девојки и жени молкот не е решение, јас, ние, државата, сме тука да ви помогнемe

December 7, 2020 20:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата. Затоа жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – молкот не е решение. Јас, Ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и Вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство.“- говореше премиерот Зоран Заев на трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство во организација на Форумот на жени на СДСМ. Тој ја посочи заложбата на СДСМ и на Владата дека и преку законски решенија и меѓународни документи се гарантира заштитата на жените.

„Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискириминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот.Нашата цел е стапката на семејното налслство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потреба едукација и активизам. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност, самата улогата на женитево спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот и огромен број на придобивки кои оваа Конвенција ги носи.“- истакна Заев преку онлајн трибината.

Next Post

Пандемијата не смее да го зголемува насилството врз жените, секоја жена мора да биде сигурна - истакна Зоран Заев

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk