Сликата што виси околу 60 години во градското собрание во Брисел е признаена како најстара позната верзија на едно од најпознатите дела на фламанскиот мајстор Јаcques Јordaens.
Откривањето на сликата “Свето семејство” е направено за време на пописот на културни дела во градското собрание во Сен Џил во 2019 година. Од секогаш се сметало дека сликата во ходникот е всушност копија но, делото датира од 1617 или 1618 година – изјави Кралскиот институт за културно наследство, кој всушност помогна да се најде и да се види потеклото и вредноста на самото уметничко дело.





