Излезе и книгата раскази! Збирка мали стакленца од мојот личен мозаик кој не го споделив со лесно срце. Пријателка вели- „си се разголила премногу ама сакам уште“, друг рече – „директни се бре многу“, трета се загледа во бојата корицата- „како женски гаќи е“! , напиша авторката Мимоза Петревска Георгиева на својот фејсбук профил.
„Ми беше потребно и огледало кое голотијата ќе ја преобликува, естетизира. Така се вгнездија и цртежите на Gorand Dach , Biljana Vasileva, Pero Georgiev, Maja Stefanovska, Bisera Georgieva, Gjorgje Jovanovik.
Навлегоа во жилите на приказните многу нежно и органски.
„Градски и шумски приказни“ излезе во издание на Темплум, дизајнот е на Кома, а ќе ја најдете најде во книжарниците на Три, Или-Или и Полица. Се надевам ќе уживате!“, објави Петревска Георгиева.
– Оваа збирка раскази жанровски флотира помеѓу зачудноста и реалноста. Со својата книжевна техника, стилски гест и структурата во која се распределени ситуациите и ликовите, авторката создава анти-идеологиски простор во кој секој читател може да го ‘реконструира’ своето животно искуство и резиме, вели Искра Гешовска.
„Книжевната субверзија на ова дело е единствена од повеќе причини, а една од нив е начинот на акварелно и нежно исцртување на моќни но подземни социо-психолошки мотиви.“, додава Гешовска
Мимоза Петревска Георгиева е новинарка со долгогодишно слатко-горко искуство во светот на македонските медиуми. Авторка е на книгата „Живот вреден за живеење“ и на едукативната детска сликовница „Иван и Илина“. Сопруга е и мајка на три ќерки: Илина, Бисера и Ангела.
Мимоза Петреска-Георгиева заедно со Емилија Георгиевска-Наневска ја создадоа пионерска книга која зборува многу отворено за децата со попреченост и нивните семејства „Живот вреден за живеење“: