ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Лудост е да прифатиме дискусија за јазикот и идентитетот

Според Пендаровски, не е тајна дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година, но тоа е посебен јазик, сличен на бугарскиот, но „не е и не бил бугарски јазик“.

December 14, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Столбот на нашиот идентитет е нашиот јазик, а потоа историјата, нашата споделена историја, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуобсервер“.

Според Пендаровски, не е тајна дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година, но тоа е посебен јазик, сличен на бугарскиот, но „не е и не бил бугарски јазик“.

-Кодификацијата се случи на крајот на Втората светска војна кога беше формирана Народна Република Македонија како дел од Југославија. Претходно територијата беше под власт на Бугарија, Србија, а во минатото од Отоманската империја. И покрај тоа, луѓето кои живееле таму секогаш имале свој етнички идентитет, вели Пендаровски.

За него историски нонсенс е тврдењето на Бугарија дека целата наша историја до 1945 година била бугарска и дека сѐ од 10 век до 1945 година било бугарско.

-Тие велат дека етнички Македонци постојат…но дека едно утро во 1944 сме се разбудиле и сме рекле „Аха, ние сега навистина сме етнички Македонци, ама вчера бевме етнички Бугари“. Тоа е апсолутна историска глупост, објаснува Пендаровски.

И, како што пишува Еуобсервер, не би било важно што мисли за ова прашање Бугарија, ако Софија не ги блокира пристапните преговори додека Северна Македонија формално не ги прифати нејзините ставови.

За бугарската позиција дека „македонски јазик и идентитет немало до 2 септември 1944 година и дека нивното создавање било дел од сеопфатно формирање на одделен небугарски идентитет со цел да се прекинат врски меѓу тамошното население и Бугарија“, Пендаровски вели дека „не може да прифатиме дискусија за ова прашање… тоа е лудо“.

Според бугарските барања, кога Македонија ќе се приклучи кон ЕУ, секое споменување на „македонски јазик“ во документите на Унијата треба да биде со ѕвездичка дека „таков јазик постои само според Уставот на Република Северна Македонија“. Освен тоа, Софија вели дека процесот на проширување не смее да легитимира етнички и јазичен инженеринг што се случил во време на претходно авторитарни режими.

Next Post

Откупот на тутунот продолжи, производителите повторно се жалат на нереална проценка

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk