ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на состанок со наставниците и директорите: Заеднички создаваме нов македонски модел за основно образование

December 15, 2020 18:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес учествуваше на онлајн
состанок со директори и наставници од основните училишта на кој разговараа за
новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна
година.
Министерката на состанокот истакна дека ставот на наставниците и директорите е
исклучително важен во овој процес, значаен за сите, а особено за учениците.
Основната цел е сите заеднички да создадеме образование кое е во најдобар интерес на
децата и затоа покрај учениците и родителите, во подготовката на концепцијата беа
вклучени и самите наставници.
„Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме
токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку
предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу
наставниците и учениците и помеѓу самите ученици. За сето ова е потребна
максимална посветеност на наставниците коишто низ креативен и инспиративен начин
низ наставата и дополнителни активности вон наставата ќе го поттикнат полниот
потенцијал кај секое дете“, рече Царовска.
Со реформите е предвидено учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не
само за настава, туку и за други активности и курсеви како што се дополнителен спорт,
дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик и слично…Сето тоа
треба да биде дел од училиштето и со тоа дадеме еднаква шанса на сите деца.
Искуствата за подготовка на новата концепција се црпат од десетина европски земји
меѓу кои Словенија, Естонија и Финска. Клучни за промените се и резултатите од
меѓународните тестирања, домашните анализи, како и ставовите на наставниците,
родителите и учениците, кои даваат јасна слика и во која насока треба да го движиме
нашето образование. Сепак, со новата концепција создаваме наш национален
македонски образовен систем, бидејќи образованието е нешто што треба да биде
национален интерес и национална гордост.

На состанокот се обрати и Директорот на Бирото за развој на образование Зеќирија
Хасипи, а презентацијата на концепцијата ја водеа членови на работната група проф.
д-р Виолета Петровска Бешка од Институтот за психологија и Митко Чешларов од
БРО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

July 19, 2025
Фото: МИА

Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“

July 19, 2025

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk