ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Постигната согласност за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот на средба со компаниите откупувачи

December 15, 2020 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаа средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот на кој беше постигната заедничка согласност за поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта кој, согласно законот, започнува денеска со отворање на сите откупни места во државата, известуваат владини служби.

На состанокот беше договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток.

На средбата беше потенцирано како прифатлива заложбата да се врати довербата во утврдената постапка и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории тутун како обврска на тутунопроизводителите за да не се создава перцепција на ниска просечна цена заради појавата во првите денови на откупот кога производителите ги нудат само пониските категории тутун.

Во насока на оваа препорака беше истакнато дека откупувачите се согласија да ги прифатат понудените количини од производителите кои пак ќе бидат обврзани да нудат подеднакви количини од сите категории за да постигне повисока просечна цена и да не се чуваат залихи од поквалитетниот тутун.

На средбата, сите компании откупувачи се согласија дека и оваа година ќе ја исполнат својата обврска да ги откупат сите количини на кои се обврзаа со државата, а со тоа и со тутунопроизводителите.

Дополнително се постигна согласност дека до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, ќе се откупи и целиот вишок и дека ниту еден лист тутун нема да остане кај тутунопроизводителите доколку тие за време на целиот откуп нудат подеднакви количини од сите категории од нивното производство.

Next Post

За помалку од 24 часа приведени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор

НАЈНОВО

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk