ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата“

December 16, 2020 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битката околу реченицата за „погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија во заклучоците за Северна Македонија. сепак, се најде во последната нацрт верзија, но не како што барала Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бара веќе неколку недели во крајните заклучоци за Северна Македонија да стои реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“.

Германското претседателство досега не попушташе за ова барање, но според последниот нацрт на текстот до кој дојде МИА и кој им е поднесен вчера на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, оваа реченица се појавува, но не во пасусот посветен на Северна Македонија.

Поточно реченицата е додадена во преамбулата на нацрт заклучоците за целиот регион, но сепак е директно поврзана за Северна Македонија. Ова се чини е последниот компромис кој е можен засега, доколку Бугарија се согласи. Северна Македонија нема право на глас.

Конкретно, параграфот осум од нацрт заклучоците, кои ќе се дискутираат попладнево на амбасадорско ниво, се занимава со регионалното помирување, наследството од југословенските војни и Хашкиот Трибунал.

На крајот на параграфот се додава: -Советот нагласува дека во ЕУ нема место за распалувачка реторика и глорификација на воените злосторници од било која страна. Изјавите кои негативно влијаат на добрососедските односи и мирното решавање на споровите мора да се избегнуваат. Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата, стои во последниот нацрт заклучоци на ЕУ.

Се забележува и дека Советот ја користи долгата форма на името на Северна Македонија, Република Северна Македонија, додека се користи кратка за Грција и Бугарија. Едно од барањата на Софија е токму да не се користи кратката форма, Северна Македонија.

Реченицата за „погрешно толкување на историјата“ се појави прв пат во заклучоците на ЕУ за Северна Македонија за време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018, по склучувањето на договорот со Грција и Бугарија.

Според оваа последна верзија што ја нуди германското претседателство, дипломатската „победа“ за Северна Македонија е во тоа што реченицата не е вметната во пасусот за земјата, туку во преамбулата.

Во верзијата на заклучоците од ноември оваа реченица не се појавуваше воопшто, а се користеше и краткото име – Северна Македонија.

Од вчера заклучоците го користат само долгото име, Република Северна Македонија, како што бара Бугарија, која смета дека краткото име на земјата носи со себе ризик од иредентизам.

Next Post

Иселувањето е една од најголемите закани за нашата национална безбедност, смета Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk