Денеска во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, држвната секретарка Магдалена Несторовска и претставници на Министерството, одржаа состанок со претставници на EuropeAid, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Состанокот е со цел запознавање со ИПА проектот „Реорганизација на државната управа“, кој треба да резултира со поддршка на реформите во Министерството за внатрешни работи. Претставниците на проектот – главниот експерт за државна реорганизација Александрс Антоновс и тим лидерот Слаѓана Тасева, после спроведената хоризонталната функционална анализа на сите институции, ги презентираа своите наоди и видувања за планот за имплементација на оваа реформа.
Министерот Спасовски изрази подготвеност за соработка на Министерството и сите организациони единици со претставниците на EuropeAid ИПА проектот, за поддршка на реформите на државна управа.