ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Холштајн: Формулацијата за „погрешното толкување на историјата“ еднакво ќе важи за С.Македонија, Бугарија и Грција

December 17, 2020 08:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучоците на ЕУ предложени од актуелниот претседавач Германија предизвикаа дилеми во јавноста: дали Бугарија успеа да го протурка своето толкување на историјата? Германската амбасадорка Анке Холштајн ги отфрла таквите тези во разговор за Дојче веле. Заклучоците, како и споменатата формулација, важат еднакво за сите, вели таа.

„Главната причина за усвојувањето на овие заклучоци е давањето сигнал за веродостојноста на перспективата за проширување. Заклучоците се однесуваат на шесте земји во регионот на Западниот Балкан и затоа е важно што тие беа усвоени за да се покаже дека проширувањето продолжува“, вели Холштајн за ДВ.

Најмногу недоумици во јавноста предизвика членот 8 од заклучоците кој ја содржи следната формулација:
„Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата”.

-повеќе на темата: Бугарско вето во ЕУ: Има ли надеж за пробив?

Оваа реченица во врска со имплементацијата на договорите со Бугарија и Грција е идентична со онаа која веќе беше наведена во заклучоците на Советот за проширувањето во 2018 година, објаснува Холштајн.
„Формулацијата не е нова и веќе беше во употреба од 2018 година. Таа е еднакво валидна за Бугарија, Грција и Северна Македонија. Оттука, таа може да биде основа за продолжување на заедничката работа. За нас како претседавачи беше важно да ги усвоиме овие заклучоци за да покажеме дека сите земји-членки се посветени на проширувањето“, вели германската амбасадорка.

Проширувањето останува приоритет

Бугарската позиција, во меѓувреме, им стави дефинитивен крај на надежите во Скопје дека преговорите со ЕУ формално ќе започнат годинава. Холштајн вели дека тоа била „заедничка цел” на германското претседателство и Северна Македонија, но за жал не се реализирала.

„Предложивме многу решенија во таа насока. За дел од нив имаше огромна поддршка од големо мнозинство земји-членки, но за жал, не успеавме да постигнеме согласност во телата на Советот, затоа што за проширувањето е потребна согласност од сите земји-членки.”

Досието за проширувањето од 1 јануари 2021 година ќе премине во рацете на Португалија, која го презема претседавањето со ЕУ. Според Холштајн, тоа не треба да загрижува, напротив.
„Проширувањето е во добри раце со следното португалско и потоа словенечко претседателство. Ние со нив формиравме Тројно-претседателство за период од 18 месеци- ги усогласивме нашите програми, многу тесно соработуваме, и нашите португалски пријатели кои сега ќе преземат се многу свесни дека одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и, доколку се исполнат условите и со Албанија, е приоритет.”

Државнички однос на Скопје

Германската амбасадорка очекува да продолжат разговорите меѓу Скопје и Софија и во наредниот период.

„Би сакала да и честитам на македонската влада за начинот на кој ги водеше сите дискусии во последните недели. Таа покажа државнички однос во држењето на емоциите на најниско ниво и со тоа дозволи да продолжат преговорите. Со тоа се остави простор преговорите да останат отворени и во следните месеци.”

На владата и препорачува да продолжи со реформите и смета дека тоа може да го забрза патот на земјата кон полноправно членство, без оглед кога формално ќе започнат преговорите.

„Целта е да се донесе Европа дома во Северна Македонија и владата ги прави вистинските чекори со цел да продолжи напред. Останувајќи ангажирани и посветени и продолжувајќи на реформскиот пат, нештата можат брзо да се движат напред. Во моментот кога ЕУ ќе биде подготвена да ги отвори пристапните преговори, Северна Македонија веќе ќе биде напредната и со тоа нема да се загуби време.”
За германската амбасадорка блокадата на почетокот на преговорите на земјата со ЕУ е „удар“, но смета дека нема потреба да се размислува за алтернативи.

„Целосно разбирам дека е многу тешко, голем предизвик е да се продолжи кога ќе се добие таков удар. Да кажам отворено: ЕУ вети нешто и, во моментов, не успеа да си го одржи ветувањето. Нема сомнеж во тоа. Ние многу се трудевме, но не успеавме да го исполниме ветувањето кое беше дадено во март. Под тие услови, како што реков, тешко е да се продолжи, но сметам дека нема алтернатива. Германија е подготвена да ве поддржи“, вели амбасадорката Анке Холштајн за Дојче веле.

Next Post

Од утре ќе важат новите рестриктивни мерки, бројот на ковид-новозаразени не стивнува

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk