ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НУК бара конкретни мерки за надомест на загубите, до утре очекува покана за средба од Владата

December 17, 2020 08:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор.

Во денешното соопштение наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во остварувањето на нивните права за поднесување на надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки туку и за претходно донесените.

– Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење, се вели во соопштенито.

Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.

Next Post

Пендаровски: Не познавам никој кој е подготвен да тргува со најсветите работи за секој Македонец, предлагам да го тргнеме ова прашање од дневно-политичка агенда

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk