ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен Јавен повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници

December 17, 2020 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на уметници и културни работници, која се состои од еднократна исплата на средства во месечен нето-износ од 14.500, 18.000 или 21.500 денари за период од три месеци.

Министерството за култура, врз основа на оваа Одлука, на својата веб-страна денеска го објави Јавниот повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници.

Предмет на финансиската поддршка на уметниците и на културните работници е еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци, во месечен нето-износ од:

– 14.500,00 денари (доколку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 80.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),

– 18.000,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 60.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),

– 21.500,00 денари, (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 40.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи).

Како што соопшти денеска Министерството за култура, јавниот повик трае до 19.12.2020 година, а сите заинтересирани лица на маил адресата на Министерството за култура: info@kultura.gov.mk треба да достават Барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на културни работници и Изјава за исполнетост на условите за добивање финансиска поддршка (Образецот на Барањето и образецот на Изјавата се Прилзи 1 и 2 на Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници и се објавени заедно со Јавниот повик).

Исплатата на средствата ќе ја врши генералниот секретаријат на Владата врз основа на решенија што ќе ги донесе министерот за култура, а во согласност со член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот во рок утврден во член 3 од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници. /МИА/

Next Post

РСЕ: Словачка, Чешка и Австрија - премногу ѝ се попушта на Бугарија, блокирани заклучоците на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk