Министерството за транспорт и врски во овие 3 години има убедливо најмногу проекти од било кои три години од 1990 година наваму, пишува на Фејсбук, поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој нагласува дека тоа е многу лесно проверливо и за најмногу водоводи, канализации и за убедливо најмногу километри гасификација.
– Колку што знам ЈПДП имаше изградено патишта повеќе во три години отколку за 11 години во време на режимот. Сè друго што се кажува за буџетот се приказни за мали деца и празни флоскули, вели Сугарески.
J. Ѓ.