Светот полека се запознава со лековитите дејства на канабисот, кои произлегуваат од неговиот состав. Научниците последните години го имаат истражено канабисот до последен лист, па познато е дека тој содржи канабиониди кои делуваат на ендоканабионидниот систем ставајќи го организмот во рамнотежа, или познато како хомеостаза. Тие делуваат на системот со рецептори и така регулираат низа функции. Маслото од канабис има есенцијални киселини како омега 3 и омега 6, минерали и витамини, влакна и други состојки кои се исклучиво неопходни за човечкото здравје. Сега, откако науката застана на страната на канабисот и неговите медицински дејства, на државите им е полесно да пристапуваат кон легализција.- објавува порталот Нова ТВ.
Во текстот се наведува дека иако се смета дека застапниците за легализација секогаш ќе ги набројуваат само позитивните страни на канабисот, а противниците секогаш ќе ги повторуваат негативните ефекти, сепак на крајот и двете гледишта, а пред се помогнати од науката, ќе се согласат дека позитивните здравствени ефекти на канабисот се далеку во предност од негативните.
На пример, верувањето дека марихуаната ја намалува функцијата на градите одмна е напуштено, сега се смета дека напротив таа ја подобрува функцијата на белите дробови, секако ако се конзумира во нормални и контролирани количини.
Понатаму, марихуаната може да ги спречи или да ги намали нападите од епилепсија. За ова Универзитетот во Вирџинија уште во 2003 година објави научно истражување кое потврди дека канабисот делува на мозочните ќелии за опуштање, па така и ги попречува нападите.
Текстот го пренесува искуството од САД, каде што во време на пандемијата канабис шоповие биле третирани како аптеки и маркети, па им се дозволувало да работат постојано. Во САД за време на пандемијата, во оние држави каде постои целосна легализација, шоповите за канабис останаа отворени и покрај забраните за работа на угостителските објекти.
Имаше периоди кога единствено им се дозволуваше работа на аптеки, маркети и канабис шопови. Аналитичарот Стефан Марфи од САД изјавува дека тоа е потврда дека канабис културата е вкоренета во американското, но и во другите општества низ светот. Тој предлага канабисот да се стави во категорија на примарни човекови добра.
Инаку, Марфи има своја компанија која работи во Лондон, Барселона и Даблин. Тие го истражуваат пазарот со канабис, подготвуваат стратегии за земјоделието, изработуваат студии за науката и политиката.