ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Обезбедени 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно

December 20, 2020 10:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј.

– Се наоѓаме пред објектот на старото училиште во с. Љубојно, кое претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа. Неговото значење не произлегува во толкава мера од неговите уметничко-стилски и архитектонски карактеристики туку многу повеќе од неговите културни и општествени вредности. Имено тоа претставува лулката, односно второто училиште во Македонија, во кое по завршувањето на Втората светска војна, започна да се одржува настава на македонски јазик. Ова е показател на самосвеста на локалното население за неговата самобитност и посебност, и за неговите напори за втемелување на основните човекови определби, рекол Заев, соопштија денеска од владината прес-служба.

Директорката Стојанова навела дека долг период ова училиште беше потполно заборавено и напуштено, што може да се забележи од неговиот денешен изглед.

– Но, по прогласувањето на село Љубојно за заштитена споменичка целина и превземените иницијативи од страна на Владата, за обнова на старото училиште, сѐ поизвесна станува реализацијата на сонот на генерации и генерации ученици, кои ги поминале своите училишни денови во овој објект и кои сонуваа, и сѐ уште сонуваат, повторно да го видат во сиот негов сјај, истакнала директорката Стојанова.

Оваа иницијатива, истакнал Заев, се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76 годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година.

– Со Договорот од Преспа ги премостивме речиси три-децениските разлики  со Грција и ги обезбедивме нашите перспективи во евроатлантските и европските интеграции. Уште две главни придобивки произлегоа од овој историски договор. Се заштити нашиот идентитет во рамките на меѓународното право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, а со тоа се потврдија и нашата култура и културно наследство, рекол премиерот Заев.

Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, за кој Владата обезбеди првични 30 милиони денари, оценил премиерот, треба да се гледа и во контекст на иницијативата за основање на Преспа Форум за Дијалог за кој исто така од Буџетот на државата се издвоени 100 милиони денари.

Како дел од овој проект е предвидена изградба на мултимедијален центар за младите, кој соодветно на самата симболика на Преспа ќе биде место каде што би се организирал меѓународен форум за дијалог и соработка.

– Преспа Форум за дијалог ќе претставува идентитет и бренд, кој ќе биде врзан за нашата држава. Со овој, како и со сите останати проекти кои ќе бидат инспирирани од широките можности за регионална соработка правиме сериозен исчекор за нов лик на регионот како место за инспиративна соработка и поврзување на народите и културите од регионот, изјави премиерот Зоран Заев.

Next Post

Бајден го соопшти тимот што ќе се бори против климатските промени

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk