Во Љубојно во Преспа го запознав дедо Митре кој има 91 година, а осмолетка завршил во разурнатото училиште зад него. Тоа било второ по ред училиште со настава на македонски јазик во земјава. Дедо Митре низ годините се иселил во Америка, а сега живее повторно дома, во своето Љубојно, напиша премиерот Зоран Заев на профилите на социјалните мрежи.
„Возрасните и децата од Љубојно наскоро ќе ја видат оваа зграда обновена во нов сјај. Како Влада, обезбедивме првични 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик кој ќе постои на местото на старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно.
Во Преспа ќе изградиме и мултимедијален центар за размена на идеи меѓу младите од регионот, за кој од Буџетот веќе се издвоени 100 милиони денари. Тоа ќе биде место каде што ќе се организира меѓународен „Преспа Форум за дијалог и соработка“, бренд изграден од нашата држава, базиран на пријателствата и соработките по кои сме препознаени“, напиша Заев.





