ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хакатони за идеи од студенти корисни за секторите туризам и земјоделство

December 21, 2020 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во изминатите два викенда организираше два хакатона (#ReFRESH: Agriculture & Tourism) виртуелни колаборативни настани на кои студентите од различни факултети тимски работеа за во рок од 48 часа да кодираат и создадат софтверски решенија применливи во секторите туризам и земјоделство.

Активноста се реализираше со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

На хакатоните учествуваа 30 студенти од ФИНКИ, Факултетот за информатика и Факултетот за туризам при УТМС и Факултетот за земјоделски науки и храна кои поделени во тимови од три учесници и под менторство на професори развиваа идеи кои беа детектирани од претходни средби со компаниите од туризам и земјоделство.

Како што соопшти Студентскиот парламент на ФИНКИ, на хакатонот за туризам победи тим студенти кои предложија решение корисно за туроператорите бидејќи ќе им заштеди време и напор за известување и менаџирање на целиот синџир во турите кои ги организираат – превозници, сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи итн. Со самото резервирање на турата, автоматски ќе се испраќа мејл со агенда и сите вклучени во турата ќе знаат детали за својот ангажман.

На второорганизираниот хакатон, наменет за секторот земјоделство, победничка идеја беше платформа на која земјоделци можат да продаваат сертифицирани автохтони семиња кои се одобрени од Министерството за земјоделство. Освен продажба, платформата ќе има и форум со прашања на оваа тематика.

Двата победнички тима имаат уште четири месеци да ги доразвијат софтверските решенија, кои потоа ќе бидат понудени како готови продукти пред компании од двата сектора. И останатите тимови кои беа дел од овој настан ќе можат да ги презентираат своите решенија и доколку некоја од компаниите има потреба од такво решение, ќе може да го финансира до негова имплементација.

– Хакатоните беа одлична можност за студентите, преку соработка со колеги и професори, да го применат своето знаење работејќи на реални проблеми од секторите. Од друга страна, на фирмите од двата сектора им се понудија решенија за дигитализација и осовременување на нивната работа, соопшти Стдентскиот парламент на ФИНКИ.

Покрај хакатонот #ReFRESH: Agriculture & Tourism, СП ФИНКИ организира и други хакатони и активности за подобрување и зголемување на студентските знаења, за кои заинтересираните може да се информираат повеќе на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и на каналот Јутјуб.

 

/МИА/
Next Post

Во Белгија се влошува ситуацијата, можен е огромен трет бран на пандемијата

НАЈНОВО

Венс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа

October 29, 2025
ВИ

Холандија гласа на предвремени парламентарни избори

October 29, 2025

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk