ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаленберг: Билатералните и историските прашања треба да останат надвор од преговарачкиот процес

December 21, 2020 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Австрија е многу разочарана што не беше постигнат договор за почнување на преговорите со Северна Македонија бидејќи наш став е дека билатералните и историските прашања треба да бидат оставени надвор од процесот на преговори. Северна Македонија направи се што беше потребно за почеток на преговорите и мислам дека би било фер што поскоро да се случи, порача сојузниот министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг по средбата што во Виена ја имаше со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ние, рече тој, сме многу разочарани што не постигнавме договор за почеток на преговорите до крајот на оваа година со Северна Македонија и Албанија.

-Од наша гледна точка, моја гледна точка тоа беше неопходно да се направи. Да бидам јасен, нашиот став е дека билатералните и историските прашања треба да останат надвор од преговарачкиот процес. Вие добро рековте дека процесот на проширување на ЕУ е процес на европеизација, а не на билатерализација и тоа така треба да биде. Ова беше нашата позиција и за прашањето за името со Грција додека тоа беше на агендата, рече Шаленберг.

Тој истакна дека Северна Македонија е земја модел што се однесува до процесот на пристапни преговори. Се направивте добро, рече тој, и додаде оти затоа е на став дека би било фер што поскоро да се отворат преговорите со ЕУ.

-Може да сметате на австриската поддршка што се однесува до ова прашање, бидејќи Западен Балкан е дел од нашата безбедносна, културна и економска политика. Ние не сакаме во иднина на југот на мапата на ЕУ да гледаме празен простор, рече австрискиот министер.

Тој нагласи дека Северна Македонија може да смета на австриска поддршка и во борбата против пандемијата и обезбедувањето на потребните вакцини. Ќе се потрудиме, потенцира Шаленберг,  да направиме се вакцините да пристигнат во земјите од Западен Балкан во исто време кога и во земјите членки на ЕУ.

Средбата со Османи тој ја оцени како средба на пријателски земји во добри односи кои постојано се унапредуваат. Двете земји, рече, станаа уште поблиски по страшниот терористички напад што се случи во Виена на 2 ноември, заблагодарувајќи се притоа за иразите на поддршка и сочувство што Северна Македонија ги испрати до Австрија во моментите по нападот. /MИА/

Next Post

НАТО Форум: Евроатлантските вредности треба да се промовираат и во образовниот процес

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk